Мотивацијата е клучот до успехот и среќата, нели? Но, што ако се чуствуваме демотивирани, истрошени, мрзливи?
Пред неколку години доживеав големи животни промени. Секој аспект од мојот живот се промени, и тоа ме направи несреќна, демотивирана, депресивна, анксиозна. Изгубив мотивација за се во мојот живот.
Единствено имав мотивација да се туширам; барем личната хигиена ми беше на некакво ниво.
Но, сум запознала луѓе кои биле толку демотивирани, скршени од животот, што немале мотивација ниту да живеат.
Мажи, жени, тинејџери, баби, дедовци… Некои од нив немале мотивација ниту да се тушираат или исперат, а ги имале сите услови да го сторат тоа. Имале услови да готват, но не готвеле.
Имале животи, околости, кои ете им направиле да се запостават самите себе. Секој имаше свој изговор за тоа како стигнал до тој пекол.
И јас бев долго време скршена. Не готвев неколку години. Немав за кого да готвам, не се чувствував доволно важна да готвам само за себе. “Па што, може да се помине денот со нешто ситно за јадење, не мора да се готви.”.
Немав мотивација да одам ниту да купувам обелка, ниту пак да одам на прошетка. Не сакам ни да зборувам за социјални активности. Станав мрза, но пред се, станав демотивирана и депресивна.
После долга борба (и сеуште се борам) успеав да извлечам од таа темна дупка.
Можеби и ти си демотивиран/а, можеби и ти се сооучуваш со некакви предизвици.
Можеби не е толку “трагично” како горенаведените примери, можеби ти треба малку повеќе мотивација и ентузијазам за живот.
Затоа денес ќе разгледаме како да го можеме вратиме нашиот оптимизам, мотивација и борба за подобара иднина.
– Поставете цели
Првиот чекор кон мотивација е да имате јасна представа за тоа што сакате да постигнете. Поставете си реални цели кои имаат вистинска шанса за успех.
Фокусирајте се на резултатите и на тоа како вашиот живот ќе се промени доколку го добиете она што навистина го сакате. Важно е вашите цели да бидат реални и достижни.
Нека бидат мали, но реални за исполнување. Направете вашите цели да ве мотивираат наместо да ве разочаруваат.
– Заменете ги негативните мисли со позитивни
Некогаш, најголемата препрека за мотивација сме самите мие. Кога се соочуваме со негативни мисли или само-саботажа, треба да ги промениме нашите пристапи и гледишта кон одредена ситуација или состојба.
Доколку константно имате негативни мисли вие ќе станите роб на вашиот мозок. Вашиот мозок не знае поинакви мисли освен негативни, па секоја наредна мисла ќе биде негативна, тажна, агресивна, разочарувачка.
Имате негативни мисли, чувства?
Прекинете го кругот на негативни мисли. Негативните мисли стимулираат чувства и хормони во вашето тело.
Доколку секојдневно сте преокупирани со негативни мисли, тие “негативни” хормони и чувства се констано присутни. Вашиот мозок и тело се навикнуваат на тие хормони, па не е чудно што тие емоции ќе се појавуваат во моменти кога не е потребно.
Фокусирајте се на позитивните аспекти на вашиот живот и можностистите кои се пред вас. Претворете ги негативните мисли во позитивни стимули.
Оваа битка е долга, но мора секојдневно да се трудите да стимулирате позитивни мисли, за вашето тело да се навикне да биде среќно.
– Создајте рутини
Рутините можат да бидат моќни алатки за мотивација. Креирањето на дневни, неделни и месечни рутини ќе ви помогне да бидете мотивирани.
Рутините го стабилизираат денот и ви обезбедуваат чувство на контрола и напредок. Доколку немате никакви рутини и се наоѓате во тотален неред, започнете со мали чекори. Пример: Секој ден направете го вашиот кревет да изгледа убаво. Или пак, прочитајте две-три страници од некоја книга. Создавањето на мали, секојдневни рутини навистина ќе ви помогнат да се чувствувате подобро за себе и повеќе мотивирано.
Придржувајте се за нив секој ден, правете ги во било кој дел од денот. Започнете со една мала рутина на ден. И се додека не се чувствувате абсолутно сигурни дека таа рутина не ви претставува обврска, не преминувајте на друга рутина.
– Добро изберете ги луѓето околу вас
Најголем извор на мотивација се луѓето кои ве опкружуваат. Доколку тие веруваат во вас и вашите цели, вие ќе бидете мотивирани да чекорите напред со поголема самодоверба.
Окружете се со луѓе кои ќе ве поддржуваат во вашите цели и амбиции. Споделете ги вашите мисли, стравови и успеси со нив. Правилните луѓе ќе ви ја дадат потребната енергија и морална поддршка за да продолжите напред.
Можеби се чувствувате дека во моментов сте опкружени од негативни луѓе, и поради некои околности не можете да ги изолирате тие луѓе од вашиот живот, тогаш изолирајте ја нивната негатива.
Одвоете време за позитивните луѓе во вашиот живот, а доколку ги немате, одвоете време за позитивни луѓе преку интернет (видеа, мотивациски текстови итн.)
– Слушајте мотивациски говори
Мотивациските говори се моќни алатки кои навистина можат да ве инспирираат. Постојат ментори во секоја област што често ги користат своите зборови за да ги инспирираат другите да се движат напред и да ги постигнат своите соништа.
– Бидете трепливи
Мотивацијата не е постојана. Понекогаш, ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот, додека друг пат ќе се борите да го започнете денот. Бидете трпеливи и прифатете дека мотивацијата е процес.
Мотивацијата е како мускул кој постојано треба да се вежба, но некогаш треба и да се одмори. Ништо не е постојано, ни тага, ни среќа, ни мрза ни мотивација.
Како се останато во животот, се е црно-бело. Немој да се фокусирате само на црното, а не очекувајте ни дека се ќе биде бело.